Денеска ќе здивнеме, но не се опуштајте – нè чека екстремен студ

0
883

По потоплите денови со многу снег, за време на викендот и во понеделник времето ќе биде стабилно со ниски утрински температури кои на повеќе места ќе се спуштат под -10 степени (во недела најниски, од -16 до -7). Претпладне по oдделни котлини ќе има појава на магла. Дневните температури ќе се движат од 0 до 6 степени, а во местата со магла ќе останат под нула.

Во вторник и среда ќе има има зголемена облачност со повремени врнежи од снег, а само во крајните југоисточни делови од дожд и снег. Врнежите ќе бидат со слаб, а во западните и јужните делови повремено умерен интензитет, поради што снежната покривка нема значително да се зголеми.

Во среда под влијание на спуштање на постудена воздушна маса ќе дува умерен северен ветер, кој ќе услови до крајот на работната недела дневните температури да бидат во опаѓање и ќе се движат од -3 до 3 степени.

Коментирај