Денешен: Заев ги построи и оние што го гонат и оние кои што му судат!

1
1390

Македонското судство ги доживува најголемите понижувања во сопствената историја. Двојните аршини станаа основен критериум по кој се работи. Вчера Зоран Заев во влада си ги собра сите. По малку апсурдно, но Лицето кое е обвинето и за кое се води постапка за корупција, кое е амнестирано за злоупотреба на службена должност, ги построи и оние што го гонат и оние кои што му судат. Ги построи и оние кои што ги гонат и судат и неговите политички противници, анализира порталот Денешен.мк.

Поглед во земја и насмевка од уво до уво е знакот на препознавање на сите кои ќе ја тераат неговата агенда, почнувајќи од Претседателот на Основен суд Скопје 1, Иван Џолев каде што му се суди на Зоран Заев за поткуп, но и каде што секојдневно се закажуваат рочишта за функционерите на ВМРО-ДПМНЕ, па преку републичкиот јавен обвинител и Катица Јанева…

Јавноста со жалење веќе претпоставува каков ќе биде исходот од случајот Поткуп

Јавноста оправдано стравува дека без оглед на сведочењата, пи мерките и јавно објавените видеа на кои се гледа како Зоран Заев бара поткуп, судов после ваквата срдечна средба помеѓу обвинетиот и оние кои треба да го гонат и судат ќе даде реален епилог.

Сведокот во случајот Поткуп Иван Сачавалиев ја потврди изјавата на Зоран Заев која ја видовме на видеата кај што бара поткуп.

– Беше Митровден кога ми се јави и ме праша дали може да одам за 15 минути во неговиот кабинет. Јас бев со гости, ама отидов. Ме чекаше и ми рече дека може да го откупам земјиштето за 70 денари од квадрат и тоа важеше до Нова Година. Ми постави услов да дадам плус по 3 евра од квадрат. Ми рече едно е за него, едно за изградба на црквата и едно за партијата. Му кажав дека тоа се многу пари, 300.000 евра зошто земјиштето беше 100.000 квадратни метри. На бирото имаше куп документи и ми рече и овие завршија така. Бев збунет и му реков дека треба да размислам, кажа Сачавалиев.

Сега се поставува прашањето дали во насока на ослободување на Заев од обвинението може да се толкуваат и сомнителниот случај кога судот во листата за обезбедување на камери за рочишта една недела однапред најавил дека нема да има снимање на судење по случајот Поткуп, за потоа да се испостави дека рочиштето беше одложено. Тоа според познавачите е потврда дека Судот и адвокатите на обвинетиот Заев биле во корелација и го одолговлекуваат овој процес, што не е случај со рочиштата каде настапува СЈО.

Симптоматичен беше и случајот кога СЈО побара , а судот прифати рекордни 6 рочишта за речиси исти обвинети едно по друго , што прв пат се случува во судската пракса. Но ова не е се, бидејќи јавноста беше сведок како судијката одбива да одложи рочиштето иако бранителот поради смртен случај не можеше да го застапува обвинетиот. Но како што коментираа од одбраната, дури и во ваков случај целата постапка се сведува на фарса, бидејќи сведоците кои ги повикува СЈО, ккао во случајот ТЕНК ја потврдуваат легалноста на постапката а за која СЈО ги товари.

Калајџиев и Најчевска потврдија дека нема реформа во судството

Професорот по Казнено процесно право на Правниот факултет во Скопје, Гордан Калајџиев поднесе оставка на членството во Советот за реформи во правосудството, бидејќи како што изјави, Советот го доживува повеќе како декор на Министерството за правда и Владата, отколку како вистински Совет за реформи.

– Лично сметав дека реформите не се одвиваат на начин на кој јас замислував во однос на брзината, нема вистинска инклузивност ниту на луѓето кои се засегнати од реформите, пред се, тука мислам на самите судии, обвинителството во делот на правосудството, ниту на дел на инклузивноста на граѓанскиот сектор. Но, најнезадоволен бев од работата на самиот Совет, рече Калајџиев.

Според него, самиот Совет во суштина е доста маргинализиран, се свикува многу ретко – еднаш во два месеци, а на дневен ред се поставуваат прашања по избор на Министерството.

– Некои важни иницијативи се одбиваат без аргументација, така што Советот го доживувам повеќе како декор на Министерството и Владата отколку како вистински Совет за реформи. Моето лично убедување е дека има некои чудни центри на моќ кои работат на реформите без транспарентност. Нашето учество таму секако беше базирано и на добра волја и ако не чувствувам дека има добра волја и од другата страна немам ни причина да учествувам, рече Калајџиев.

Оставка од ова тело поднесе и професорката Мирјана Најчевска која посочи дека ниту еден член на Советот за спроведување реформи во правосудството не бил консултиран за законските решенија што Владата ги доставува до Собранието.

-Освен за залажување на граѓаните дека одреден број извикани имиња и експерти кои се препознаени како стручни лица во својата област се вклучени во реформите, јас не гледам никаков друг удел во реформирањето на правосудниот систем. Она што пак ме загрижува е дека повторно реформите во правосудниот систем стануваат политички, односно политичкиот фактор е оној што го има главниот збор во реформирањето на областа во која главниот збор треба да го имаат оние што се занимаваат со правната материја. Да, политичкиот фактор треба да ја даде насоката и да го искаже мислењето за она што треба да се постигне. Меѓутоа, реформирањето, структуирањето на законите, градењето на правосудниот систем, како и поставувањето правни ногалки треба да е направено од правниците со примена на ригидни правила, принципи и критериуми“, рече Најчевска

Ова е само показател дека досега реформите во судството се рамни на нула, а после последната срдечна средба на обвинетиот и обвинителите и судиите шансите нешто да се подобри во судството се научна фантастика, анализира порталот.

Из