Денес е на врвот на светот, а беше само дете со голем сон: Погледнете го интервјуто на Новак Ѓоковиќ кога тој имаше 7 години (ВИДЕО)

0
255

На свои седум години, во своето прво телевизиско интервју, светскиот рекет број еден, Новак Ѓоковиќ знаеше што сака во животот, особено на полето – тенис.

Неговата желба како дете е одамна исполнета. За тоа сведочи ова видео, кое исто така одамна е објавено на социјалните мрежи, но секогаш служи како добро потсетување, особено за оние кои не веруваат во детските желби и соништа.  Упорноста и силната волја кон нештата, на крајот секогаш се исплаќаат.

Па така, 31-годишниот српскиот рекет по седмиот рекорден трофеј на Австралија Опен, дојде до бројката 15 Грен слем титули, доволно за да го надмине легендарниот Пит Самрас, а да им се доближи на Рафа Надал со 17 и Роџер Федерер на врвот со 20 освоени големи турнири.

Коментирај