Дендијас: Јасно му кажав на Димитров дека Грција ќе инсистира на строго спроведување на Договорот

0
314

Министрите за надворешни работи на Македонија и Грција, Никола Димитров и Никос Дендијас ја остварија нивната прва средба на маргините на неформалниот состанок на шефовите на дипломатиите на земјите – членки на Европската Унија и на земјите – кандидати за членство (GYMNICH) во Хелсинки, jави дописничката на МИА од Атина.

Дендијас, во изјавата по разговорите со неговите колеги од ЕУ, за средбата со Димитров рече дека била околу Договорот од Преспа.

Со господинот Димитров ја имавме нашата прва средба на која разговаравме за аспектите на имплементацијата на Договорот од Преспа. Јасно му ставив на знаење на господинот Димитров дека Грција ќе инсистира на строго спроведување на договорот, рече Дендијас.

Извор: Република.мк

Коментирај