Демолиран зелениот кров над ГТЦ – Шилегов објави видео од сторителот

0
429

Непознат маж вчера го демолирал зелениот кров на ГТЦ, кој се уште е во изградба. Како што може да се види на видеото објавено на Фејсбук профилот на градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов, мажот го расфрла материјалот донесен за изградба на зелениот покрив на ГТЦ.

„Демолиран зелениот кров на ГТЦ! Но, ние нема да застанеме заради вакви „луѓе”. Скопје ќе го биде, сакал некој или не!“, напиша Шилегов

Идентификуван сторителот: Кровот на ГТЦ го демолирал газда на скопски хотел

Коментирај