Дембеле побара трансфер, Барса спрема трампа на векот!

0
212

Шпекулациите за иднината на Осман Дембеле не престануваат и покрај фактот што Французинот ги скаси Каталонците во дербито со Атлетико со гол во последната минута.

Според денешните информации Дембеле доставил молба до раководството на клубот за трансфер во јануари. Интерес за него покажуваат Ливерпул и Арсенал, но Барса има други планови со него.

Имено, Каталонците ќе се обидат да го вклучат Дембеле во трампа со која ќе го вратат Нејмар на „Камп Ноу“. Во последно време се погласни се шпекулациите за враќање на Бразилецот во Барселона бидејќи не е среќен во Париз.

Раководството на Барса исто така е отворено да го врати Нејмар и тоа уште во јануари.

Шпанските медиуми тврдат дека двата клуба веќе започнале почетни преговори за спектакуларна трампа помеѓу Нејмар и Дембеле.

Дембеле пристигна во Барселона за 105 милиони евра, но во последно време има големи проблеми со дисциплината и пропушти неколку тренинзи бидејќи играл видеоигри по цела ноќ со пријатели.

Во секој случај, доколку оваа трампа биде реализирана тоа ќе биде една од најспектакуларните во историјата на фудбалот.

Извор: sportski.mk

Коментирај