Делчево: Семеен пријател допирал малолетничка по телото додека родителите не биле дома

0
356

Триесет и седум годишна жена вчера пријавила во полициска станица дека на 16-ти месецов околу 20:30 часот, додека со нејзиниот сопруг не биле дома, а нивните две малолетни деца на возраст од 12 и 14 години останале дома со нивниот дедо, дошол нивен семеен пријател.

-Кога се вратиле дома околу 22.30 часот, синот им кажал дека, по кажување на сестра му,  во дневната соба семејниот пријател ја допирал по телото и и кажал да не кажува никому, информираат од полицијата.

Увид на местото извршила екипа од Полициската станица Делчево. Лицето е повикано и задржано во Полициската станица Делчево.

Против него ќе биде поднесена кривична пријава и во текот на денот ќе биде изнесен пред судот во Кочани.

Коментирај