Даштевски: Владата ја има стратегијата затоа што мигранти ќе има- власта од претходно има договорено прием на мигранти во Македонија

0
400

Забрзувањето на датумот за преговори за членството на Македонија во Унијата, ќе подразбира прием на мигранти на нашата територија, па оттука и Стратегијата што треба да се спроведе во следните 10 години, е ставот на дел од експертите. Професорот Даштевски смета дека приемот на мигрантите е нешто што власта претходно го има договорено, бидејќи одеднаш се стави на маса Стратегијата 2017 -2027.

Некаде е разговарано, договорено и добиено согласност од меѓународниот фактор бидејќи не може за кратко време да се изготви. Но и тоа е точно дека тоа би било дел од забрзување на датум за преговори. Зошто би била Стратегијата ако нема мигранти. Стратегијата е затоа што ќе има мигранти, не ви треба Стратегија ако имате цврст став дека нема да има мигранти – вели Даштевски.

Опасноста по демографската структура ја предочува професорот и додава дека населувањето на мигрантите нема да биде со нов бран, туку на просторот од балканските земји ќе се досели вишокот од запад. Во врска со ставот на владата дека мигранти во Македонија нема да има, Даштевски вели:

-Тоа е начин на водење политика, бидејќи сметаат дека ако го кажат тоа јавно тоа ќе биде атомска бомба во јавноста и затоа сега тврдат дека нема да има мигранти во Македонија. Ама нели и во април месец тврдеа дека е фикција тоа дека ќе има двојазичност сега гледате дека на седница на 13 септември е ставен на дневен ред законот за двојазичност и дека Македонија станува двојазична држава – вели професорот.

По акциониот план и стратегијата за азиланти и бегалци, сега меѓународната заедница во Македонија ќе обучува и тимови за подобрување на политиките и услугите за мигрантите и тоа на територија на Скопје, Куманово и Гевгелија. Обуките е огласено дека ќе се одржат во периодот од септември 2017 до декември годинава.

loading...

Коментирај