Дарко Спејко во врска со кумашинката на Заев: Не е точно дека Љупка се разведе заради мене (ФОТО)

0
2902

Победникот во реалното шоу „Големиот брат”, Дарко Спејко и струмичанката Љупка Митрова се во љубовна врска. Интересно е тоа што сведок на првата венчавка на Љупка и бил токму премиерот Зоран Заев.

Ljupka-Mitrova-Darko-Spejko

Парот е веќе еден месец во врска, а самиот Дарко вели дека неговата тазе избраничка е прекрасна жена која поседува многу квалитети.

– Со Љупка заедно сме околу еден месец, се дружиме, излегуваме. Не е точно тоа дека јас сум ја развел, кога ја запознав таа веќе беше слободна жена, изјавил кумановецот.

Ljupka-Mitrova-Zoran-Zaev

Инаку, она што ги споило е љубовта кон модата, со оглед на тоа што и двајцата водат модни блогови, а Љупка е популарна и меѓу македонските корисници на Инстаграм каде има околу сто илјади следбеници. Таа е мајка на две ќерки со кои обожава да се фотографира, а не се срами ниту да се разголи пред објективот.

Ljupka-Mitrova-so-decata Ljupka-Mitrova-3 Ljupka-Mitrova Ljupka-Mitrova-2 Ljupka-Mitrova-1

Коментирај