Дарко се поти и тресе: Поради апстиненцијалната криза, Лазиќ ќе го врзат за кревет

0
497

Дарко Лазиќ се наоѓа во состојба на апстиненцијална криза и тоа во моментов е најголемиот проблем кој значително го успорува закрепнувањето на пејачот.

-Дарко во основа е стабилно. Се е направено како што треба, мислам на операцијата, меѓутоа, постои голем проблем, а тоа е неговото минато. Дарко серизоно кризира од дрогата и тоа во моментов е најголем проблем. Премногу се поти, буквално исфрла капки пот и многу се тресе – вели добро упатен извор.

Како што објаснува, тоа е причината поради која лекарите не смеат да го стават на нозе, да се обиде да се потпре на здравата нога и да проба да шета со помош на штаки. Среќа во несреќа е што не покажува доза на агресивност, но поради кризата во која е, не може да се крене од кревет, а би морал што побрзо, поради ребрата кои треба да му зараснат.

-Доколку во наредните 48 часа не се стабилизира, постои шанса да биде врзан за кревет или да добие лек, што е еден вид на вештачка кома како би бил мирен-тврди изворот.

Коментирај