Дарко Лазиќ со трудната свршеница ја напушта Србија!

0
506

Дарко Лазиќ е толку многу среќен што по втор пат ќе се оствари во улогата на родител, што заборави и на здравствените проблеми со кои се бори откако пред еден месец доживеа тешка сообраќајна несреќа од која, благодарение на лекарите, успеа да преживее.

Последната информација што ја објавуваат српските медиуми е дека пејачот планира да се пресели во Швајцарија со својата свршеничка, која таму би требало и да се породи.

-Веста дека повторно ќе стане татко, на Дарко му го промени животот. Последните месеци му се случија лоши работи кои тој сака да ги заборави и да тргне понатаму. Тој знае дека за него е најдобро својот живот на некое време да го продолжи надвор од границите на Србија, и поради понатамошното закрепнување и поради мирот и приватноста. На Дарко сега му е најважно да го среди својот живот. Пријателите веќе му предлагаа да се пресели во странство, конкретно естрадниот менаџер Звонко Грујиќ неколку пати му нудел да почне да живее на запад, бидејќи таму има доста тезги, но Дарко досега не го сфаќаше сериозно. Меѓутоа сега тој сака да ја напушти земјата и по се судејќи, после Нова Година, тоа и ќе се случи- раскажува изворот.

Тој додава дека во се ќе му помогне неговиот манаџер Мерсед Хаџиќ, како и пријателите.

Заминувањето во Шавјцарија е само додека не го среди животот. Кога нема да работи, Дарко со детето и Марина ќе биде во Србија, а неговата ќерка Лорена тогаш ќе биде со нив-завршува изворот.

Извор:Лидер.мк

Коментирај