Даниел Кајмакоски сакаат да го протераат од Србија – Дел од пејачите се кренаа на нозе против него

0
1395

Српската естрада веќе на големо го осудува Даниел Кајмакоски кој за време на снимањето на „Твоето лице звучи познато“ сакајќи да ги покаже лакираните нокти, наводно, го покажал двоглавиот орел алудирајќи на Голема Албанија.

Фотографиите од Кајмакоски веднаш наидоа на остра критика во соседството, па немаше пејач и јавна личност во Србија која не го искоментира неговиот потег.

351754-daniel-kajmakoski-vleguva-vo-golemiot-brat

Пејачот Ненад Кнежевиќ Кнез кој исто така се натпреварува во ова шоу како и Слаџа Делибашиќ му дадоа поддршка на Кајмакоски алудирајќи дека бил погрешно сфатен од јавноста.

Пејачката Драгана Радосавлевиќ Цакана вели дека нема поим кој е тој Даниел Кајмакоски, но ја осуди неговата постапка.

„Не знам кој е тој Даниел, но секако е срамно“, вели таа додека познатиот српски денсер беше најбрутален во својата изјава.

daniel

„Веднаш да се исфрли од шоуто. До кога ќе ги толерираме овие проблематични личности од регионот кој доаѓаат во Србија да земаат пари од нашите граѓани. Дали ние сме сериозна држава која мора автоматски да го процесира ова однесување?“, прашува тој.

Иван Гавриловиќ додава дека за Кајмакоски треба да следува затвор и автоматско исклучување од ТЛЗП.

Извор: скопје24 инфо

Коментирај