Дали знаете колку парички дневно се фрлаат во фонтаната Ди Треви и што се случува со нив?

0
279

Фонтаната Треви е најголемата и најамбициозната барокна фонтана во Рим.Висока е 26 метри и широка 20 метри. 

Во минатото, фонтаната се наоѓала на раскрсницата на три пата и означува крајна точка на Acqua Vergine, еден од најстарите аквадукти кои го снабдувале Рим со вода. Римскиот обичај за градење на убави фонтани на крајот на аквадуктите кои носеле вода до Рим бил обновен во 15-от век, заедно со Ренесансата. Во 1453, папата Никола V завршил со поправање на Acqua Vergine аквадуктот и изградил едноставен басен, дизајниран од архитектот Леон Батиста Алберти, за да го најави доаѓањето на водата.

Во 1629папата Урбан 8-ми, сметал дека претходната фонтана не била доволно драматична, па побарал од Бернини да илустрира можни реновации, но кога Папата умрел проектот бил напуштен. Бернини придонел фонтаната да се дислоцира од другата страна на плоштадот за да се позиционира кон палатата Квиринал (за Папата да може да ја гледа и ужива во неа). И покрај тоа што проектот на Бернини бил уништен за Салвиевата фонтана, многу негови замисли биле имплементирани во нејзината изградба.

За време на Ренесансата и Барокот било престиж да се редизајнираат градби, фонтани, дури и Шпанските Скали. Во 1730 Папата Клемент 12-ти огранизирал уште еден натпревар на кој Никола Салви бил поразен, но сепак му била дадена работата. Изградбата траела од 1732 до 1762, многу по смртта на Клемент, кога ‘Нептун’ на Пјетро Брачи бил поставен во средината на фонтаната.

Салви умрел во 1751, а работата била до пола завршена. Фонтаната Треви била завршена во 1762 од Џузепе Панини, кој ги заменил сегашните благи алегории со планирани скулптури на Агрип и „Тривиа“, римската девица.

Фонтаната била реновирана во 1998, а камената ѕидарија исчистена и биле додадени рециркуларни пумпи и оксидатори.

Според една традиционална легенда, личноста која ќе фрли паричка во фонтаната сигурно ќе се врати во Рим.

Во текот на годината, тука поминуваат многу туристи од целиот свет. Сите тие фрлаат по некоја паричка во фонтаната за среќа и за повторно враќање во Рим.

Во договор со градот, парите ги собираат вработените во хуманитарната организација Каритас и ги користат за да купуваат храна и останати работи кои им се потребни на сиромашните во Италија, но и во 200 други земји.

Каритас пред неколку години отвори low cost супермаркет во Рим, за сиромашното население, така што покрај тоа што фрлате паричка за ваша среќа, вие првите и добро дело за тие кои немаат доволно средства за живот.

Инаку, просечно во текот на денот во Ди Треви има 3000 евра, што значи дека оваа италијанска знаменитост на годишно ниво носи повеќе од милион евра.

Извор: hybread.mk

Коментирај