Дали знаете колкави се шансите да станете милионер

0
214

Ако секогаш сте се прашувале дали има шанси да станете милионер и колкави се, тогаш можеби следново истражување ќе ви даде одговор. „Блумберг Њуз“ го спровеле на 12 500 домаќинства во Америка. Истражувачите Вилијамс Емонс, Брајан Ноет и Ловел Рикетс ги анализирале податоците на анкета направена во периодот од од 2010 до 2013 година.

Врз основа на нив, докажано е дека расата е доминантен фактор кога се работи за шансите да се стекне големо богатство. Имено, белците без средно училиште имаат 1,7 проценти шанси да станат милионери, додека Афроамериканците со исти услови имаат шанса помала од еден процент за тоа. Од друга страна, образованието влијае многу повеќе на Азијците и белците, отколку на Латиноамериканците и Афроамериканците.

money-falling

Дека последниве се во понезавидна положба, покажуваат и погоренаведените податоци.Како надополнување на тоа е податокот дека шансите од еден процент се зголемуваат на 6,7, ако завршат средно училиште. Меѓутоа, белците со завршно средно имаат 37 % повеќе шанси да станат милионери. И додека на белците и Азијците шансите им се зголемуваат со возраста, кај Афроамериканците не е баш така. Азијците постари од 40 години имаат 21 % повеќе шанси за богатство, додека шансите кај 40 годишните Афроамериканци се едначат со шансите на белците со штотуку завршено средно образование.

www.hybread.mk 

Коментирај