Дали знаете како поинаку да го искористите талогот од кафето?

0
241

Што правите со талогот откако ќе го испиете домашно приготвено македонско кафе? Го фрлате. Но, талогот може да послужи многу повеќе отколку што знаете за различни цели во домот.

Ако во домот имате дрвен мебел, со тек на време тој може да се изгребе. Освежете го на тој начин што ќе направите мешавина од паста за полирање со талог од кафе и топла вода.

Ако сте љубители на хортензии и ги имате засадено во саксии во домот или во дворот, талогот ќе ви помогне да ја промените нивната боја. Хортензиите имаат реакција на промена на PH, а со додавање на талог во земјата каде е коренот на растението,  се смалува PH вредноста, што придонесува, на пример розовите хортензии да станат сини.

Подочниците се непријатели на многу жени, така што ставете малку талог на пределот околу окото и оставете да отстои. Кофеинот ќе ја разбуди вашата кожа и ќе ѝ даде свежина.

Сопствениците на кучиња често имаат проблем со болви. Многу лесно можат да се истребат,  ако во текот на капењето во шампонот се додаде талогот од кафе.

Ако готвите и користите лук или кромид, талогот користете го за миење на рацете. Тоа веднаш ќе го отстрани непријатниот мирис од рацете кој знае да се задржи долго потоа.

Талогот од кафе е решение и за здодевните мравки во домот. Таму каде што излегуваат, ставете малку талог од кафе и нема да имате проблем.

Ако чувате мачка и имате двор полн со цвеќиња, сигурно не сакате мачката да врши нужда околу нив. Ставете малку од талогот кафе и нема да се приближат.

Уште една работа за која помага е отстранување на мртвите клетки, односно пилинг на кожата. Може да се искористи така што ќе го измешате со една лажица мед.

Ако имате проблем со масна коса, во текот на миењето, во шампонот ставете малку талог од кафе, а потоа темелно измијте. Само внимателно со светлата коса,  бидејќи може да влијае на нејзино потемнување.

А сега, на здравје прво испиено кафе и не заборавајте – талогот никако во корпа.

Извор: www.hybread.mk

Коментирај