Дали сте знаеле… (3)

0
251

Јазичните семејства на Папуа Нова Гвинеја

…дека во Папуа Нова Гвинеја се говорат дури 850 различни јазици?

…дека елементот цинк (Zn) е наречен по германскиот поим Zinke, што значи „забец“?

…дека според кинеската астрологија, 2018 е Година на кучето?

…дека последниот говорник на далматинскиот јазик починал во 1898 г.?

…дека Бараково е единственото село во Пиринска Македонија вон денешната Благоевградска област?

…дека Видринец е најмалиот од четирите преспански острови?

…дека Анастас Коцарев кој соработувал со Марија Кири, најверојатно, покрај Мајка Тереза, е единствениот Македонец што со своето дело бил многу блиску до добивање на Нобеловата награда?

…дека златната рипка е вид караш?

…дека откако ќе достигнат зрелост, женките кај некои еднодневки живеат само пет минути?

…дека островот Калата во езерото Калиманци е дел од антички утврден град?

…дека со должина од 5-6 см, пчелестото колибри од Куба е најмалата птица на светот?

…дека лилјаците, хранејќи се со штетници, му заштедуваат 3 милијарди долари годишно на американското земјоделско стопанство?

…дека Кристофер Колумбо никогаш не стапнал на самиот северноамерикански континент?

…дека островите Голем и Мал Диомид во Беринговиот Проток имаат временска разлика од 21 час и се во различен календарски ден, иако се на растојание од само 3,8 км?

…дека калциумот е најзастапениот метал во човечкото тело?

…дека Западносибирската Низина е најголемата рамница на светот?

…дека кикиритките потекнуваат од Јужна Америка?

…дека со преку 700 цркви, градот Нешвил во Тенеси, САД го нарекуваат „Протестантскиот Ватикан“ и „Токата на Библискиот појас“?

…дека целиот југ на Бангладеш се состои од огромното устие на реката Ганг?

Извор: Wikipedia.mk

Коментирај