Дали сте меѓу нив? Зависниците од телефон го допираат екранот 5427 пати на ден

0
137

Луѓето веќе 10тина години наназад шетаат со спуштен поглед гледајќи во екранот од нивниот телефон. Сите сме свесни за фактот дека постојано го допираме екранот од телефонот често пати во текот на денот што само ја покажува поврзаноста и зависноста од овој уред.

Истражување спроведено на корисниците на Андроид оперативните системи, покажало дека во просек ние го допираме телефонот повеќе од 2617 пати во текот на денот, а на годишно ниво таа бројка изнесува милион.

81704391

Иако, можеби звучи застрашувачки, во анализата на резултатите има и поголема бројка. 10% од луѓето својот мобилен го допираат во просек 5427 пати во текот на денот односно 2 милиони пати годишно. Интересен е податокот дека прстите никогаш и не мируваат. Дури 87 % од испитаниците помеѓу полноќ и 5 часот наутро барем еднаш го проверуваат телефонот.

 

Ова е само доказ дека луѓето сакаат да живеат во свет на виртуелна реалност. Не сме свесни колку технологијата управува со нас додека не видиме бројки.

loading...

Коментирај