Дали си гладен за моќ? 4 Знаци покажуваат дека си!

0
103

Поголем број од раководителите и лидерите се водат според својата моќ или пак нивните достигнувања (некогаш и комбинација од двете). Луѓето водени од желбата за моќ сакаат да бидат главни или да постават авторитет донесувајќи ги сите одлуки самостојно.

Спротивно на нив, оние кои се раководат од своите достигнувања, најмногу акцент ставаат на тешките задачи, сфаќајќи ги како предизвик дури и кога никој друг не сака.

Ниедна од овие емоции не е полоша или подобра од другата. Да се има желба за моќ е сосема нормално, тоа не е нужно зло и не го прави човекот лош. Потребна е моќ за да се направи и добро во светот, Да ги земеме за пример Махатма Ганди, Абрахам Линколн, па дури и Мајка Тереза. Тоа се луѓе кои имале многу моќ и ја насочиле кон правење нешто добро.

Проблемот настанува единствено кога ќе се занесеме чувствувајќи премногу моќ. Стануваме гладни за неа и почнуваме да забораваме на добрата страна. Постојат неколку знаци кои покажуваат кога се претерува во желбата да се биде моќен.

  1. Често се употребува зборот ЈАС.Лидерите кои се понесени од желбата да се биде на врвот најчесто ќе ги слушнете како велат: Јас, мое, мои…Слушнете некој од нивните јавни настапи и обрнете внимание дали ќе слушнете како говорат:* Јас верувам во оваа стратегија

    * Јас мислам дека ова е паметно да се направи

    * Јас сакам да верувате во мене

    * Ова е мојот тим.

Да се гледа на ова индивидуално, не мора да значи дека е неопходно лошо. Но, кога постојно се користи или последователно едно по друго, почнува да асоцира на личност која моќта ја сака само за себе.

  1. Се игнорираат лошите вестиСекоја компанија одвреме навреме се соочува со потешкотии или лоши вести. Дали е проблемот голем или мал, топката е фрлена, клиентите се разочарани, роковите пропуштени…Но, лидерите гладни за моќ мислат дека лошите вести ќе ја нарушат нивната репутација, па по секоја цена се трудат да ги инорираат. Вработените почнуваат да ги кријат лошите вести од претпоставените и работата оди по надолен тек. Добриот лидер мора да се заложи за решавање на проблемите наместо игнорирање.
  2. Се јавува нервоза кога не се главниНезависно дали сте работеле тимски или поединечно на некој проект, може да се јави конфликт на интереси кога другиот колега ќе ја заврши работата подобро. Или пак, ќе добие повеќе кредит за нешто што би го направиле вие подобро.Овде се јавуваат емоции и повеќе потреба да се биде главен. Често некој ќе се одвои од тимот, не споделувајќи важни информации за да се докаже дека е подобар од останатите. Тоа е проблем кој асоцира на желба за моќ.
  3. Нема доверба кон вработенитеВи се случува да се плашите да ги пуштите вашите вработени да појдат сами на состанок со клиентите? Мислите дека ќе направат нешто кое ќе го наруши вашиот авторите пред нив? Иако, некогаш може и да бидете во право, сепак можно е и да се грижите непотребно. Вашите вработени ја гледаат недовербата која ја имате кон нив и почнуваат и тие самите да не ви веруваат., што е особено лошо за понатамошната работа.

Да се има желба за моќ не е страшна состојба. Сосема е нормално да се посакува да се биде на врвот. Проблемот настанува кога ќе претераме во желбата. Адаптирајте се на овие 4 знаци кои индицираат на тоа и обидете се да се прилагодите на добрата страна. Тогаш нема да постои никаков проблем.

Извор:hybread.mk

Коментирај