Дали се туширате секој ден?

0
718

Дали се туширате секој ден? – Еве зошто е важно искрено да одговорите.

Тим на научници проверил како прескокнувањето на секојдневното туширање влијае на кожата и здравјето.

Имено, некои тврдат дека не треба да се туширате секој ден бидејќи на тој начин се чува кожата и нејзината pH вредност, но дали е навистина така?

Кожата е прекриена со бактерии и тоа со дури 1.000 различни видови бактерии, како и габи. Најголем дел од тие микроби се добри, но она што сапунот и водата прават е помагање на добрите бактерии во борбата со лошите.

Секојдневното туширање влијае на тоа телото да биде отпорно на разни инфекции и проблеми со нехигиената.

Ако не се бањате секој ден, кожата собира маснотии и нечистотија, што предизвикуваат затнување на порите и можност за воспалувања и иритации. Тоа е особено опасно за луѓето кои страдаат од дерматитис и на овој начин може само да се влоши состојбата.

Најлоша последица од избегнувањето секојдневно туширање е непријатниот мирис. Без оглед на количината на активност, човековото тело секогаш произведува пот, што е еден од начините на кои се ослободува од токсините од организмот.

Верувале или не, нередовното туширање произведува дури 30 различни мириси кои зависат од исхраната и хормонскиот статус на поединецот.

Заклучокот е дека туширањето треба да го практикувате секојдневно, но избегнувајте користење на агресивни средства за хигиена особено во зимските месеци, советуваат експертите.

images

Коментирај