Дали појадокот е навистина толку важен?

0
99

Познатото правило вели вака:
„Појадувај како крал, ручај како принц и вечерај како сиромав“.

Во последните истражувања стручните лица објаснуваат дали всушност појадокот е најважниот оброк во текот на денот.
Според нив не постојат никакви докази кои велат дека појадокот е толку важен оброк, но го објаснуваат начинот на фукционирање на телото при внесување на храна наутро или прескокнување на истата.

Дали прескокнувањето на појадокот прави да јадеме повеќе?
Прескокнувањето на појадокот ја намалува енергијата во утринските часови па се до ручекот.
Прекокнувањето на појадокот исто така влијае на количината на храна што ќе ја внесете за време на ручекот.
Кога организмот е прегладнет и енергијата е намалена, функционалноста на телото е секако поразлично, фокусот и активноста.
Ако со појадокот се обидувате да намалите на внесување на калории, а потоа се прејадете за време на ручек, тогаш тоа и не е така добар начин за намалување на килограмите.

Дали појадокот го активира метаболизмот?

Конусмирањето на храна поставува различни биолошки процеси поврзани со варењето и претварање на храната во енергија, што резултира со зголемување на потрошувачка енергија познатa како термогенеза (DIT ). Значи, да, појадокот го активира метаболизмот.

Покрај тоа, неодамна едно истражување покажа дека телото ја троши оваа енергија многу повеќе во утринските часови отколку попладне.

Но, нормалното внесување на храна за време на утринските часови е исто така од големо значење. Доколку наутро внесувате поголемо количество на проетини тогаш и вашата фигура може да добие килограм плус.

Според стручните лица 10% од храна која ја внесуваме за време на појадокот преминува во потрошувачка енергија. Најмногу ова трансформирање може да стигне до 15%.Па според тоа, ограничете ја количината на појадокот доколку не сакате остатокот да остане на вашето тело.

Покрај ова постојт уште неколку бенефиции од консумирање на појадок. Во статистика објавена во „American Journal of Clinical Nutrion“ стручните лица велат дека оние што имаат навика да појадуваат поголемиот дел од енергијата ја трошат на физички активности (за време на утрото) од оние што го прескокнуваат појадокот.Ова се случува поради тоа што луѓето чувствуваат помала енергија, а со тоа и нивното ниво на физичка активност е намелно без да се свесни за тоа.

3

Дали прекокнувањето на појадок влијае на покачување на килограмите?

Пресконувањето на појадокот со текот на времето може да влијае и на зголемување на тежината. Тоа не мора да значи дека се рефлектира кај секого, но е само знак за здрав начин на живот. Прескокнувањето на појадокот не е доказ за зголемување на тежината.

Capture

Па, дали треба да појадуваме?

Стручните лица и јавното мислење велат дека појадокот е важен. Интересно е тоа што последните истражувања и докази го велат следново:
„ Сè е индивидуално и зависи од самиот метаболизам“.
Но и овој одговор всушност кажува многу. Ако наутро забележувате дека по појадокот чувствувате потешкотија или надуеност во стомакот, значи дека треба да конусмирате само овошје, а по 11 часот да појадувате нешто полесно.

Следете го она што ви го диктира телото. На тој начин најдобро ќе знаете дали „добар“ појадок е за вас или не.

1

Извор:hybread

Коментирај