Дали Маричиќ призна дека по избори Гоце Делчев ќе стане Бугарин?

0
1620

Техничкиот преговарач на Македонија со ЕУ, Бојан Маричиќ во своето гостување во „Отворено Студио“ на Телевизија 24 посочи дека некои на историски настани ќе се фрли ново светло. Дали со својата изјава Маричиќ призна дека Гоце Делчев по изборите ќе стане Бугарин.

„Јас би оставил на историчарите да направат доволно добро толкување кое што од една страна ќе фрли некое ново светло на некои историски настани, и од друга страна ќе овозможи секој од државите да има подеднакво право на тие настани кои што ги чуствува за свои“, нагласи Маричиќ.

При ова Марчиќ додаде дека сите тие прашања ќе се отворат по изборите бидејќи будат многу емоции.

Ова не е прв пат Маричиќ да лицитира со етничкото потекло на македонскиот национален херој, идеолог и апостол на македонското национално ослободително движење, Гоце Делчев, тој во средината на февруари годинава во интервју за РСЕ изјави дека покрај македонски, Гоце Делчев е и важен бугарски јунак, затоа е греота да не разделува…

Маричиќ: Гоце Делчев е и важен бугарски јунак, греота е да не разделува (ВИДЕО)

Коментирај