Дали МАНУ ќе стане НАНУ?

0
515

Во текот на следната недела Македонската академија на науките и уметностите би требало да го промени името во согласност со Преспанскиот договор, бидејќи веќе нема да може да го корристи старото кое ја содржи придавката „македонски“. Новата кратенка би можело да биде НАНУ, дознава ТВ Сител.

Спред Договорот националните институции кои носат предзнак „македонски/ска“, ќе треба да ја избришат додавката и да стават „на Република Северна Македонија“.

Сè уште се бара решение за Македонската академија на науките и уметностите бидејќи од таму најавија дека не сакаат да го додадат новото име. Решението кое се споменува е наместо „македонска“ (МАНУ) да се користи национална академија на науките и уметностите или скратено НАНУ, дознава Сител.

Деновиве во Службен весник ќе биде објавен датумот кога ќе влезе во сила новото уставно име – Република Северна Македонија, а веднаш потоа на државните институции ќе бидат поставени нови табли со новото име Република Северна Македонија.

Извор:republika.mk

Коментирај