Дали јас изгледам како некој што го “тресе и раководи светот”?

0
295

Еден ден, пред дваесетина години, еден мој пријател и колега ме повика да пиеме кафе. Без многу заобиколување ме праша што знам за масонеријата. Какво е моето лично мислење за неа.

Морам да кажам дека како и сите обични луѓе од профаниот свет, така и јас, за масонеријата имав многу оскудно знаење добиено од прочитани две-три книги со журналистичко – авантуристичка содржина. Не знаев ништо за суштината и содржината на масонеријата. Знаев дека е некакво “тајно – мистично” здружение на луѓе кои го “тресат и раководат светот”. Мојот пријател и колега се насмеа и ми одговори со прашање: Дали јас ти изгледам како некој што го “тресе” светот? Ова исто прашање и јас постојано им го поставувам на тие кои имаат исто мислење за масонеријата, како што и јас го имав пред да станам масон. Ова исто прашање го поставувам и сега на вашите читатели: Дали јас изгледам како некој што го “тресе и раководи светот”?

jovica ugrinovski golem majstor

Но, да ја продолжиме приказната понатаму. Мојот пријател и колега во детали ми објасни што е суштината на Слободното ѕидарство, дека е тоа “братство на зрели мажи на добар глас! Луѓе со слободни мисли! Луѓе кои веруваат и тежнеат кон вистината! И луѓе кои ја негуваат братската љубов! Веднаш потоа, ме праша дали би сакал да се придружам на таква група луѓе. Секако, веднаш прифатив и така станав деветтиот или десеттиот “припадник” на таа група. Подоцна,бројот постепено се зголемуваше достигнувајќи ја за релативно брзо време бројката од 23 “слободни луѓе на добар глас”.

Тоа што мене лично ми направи голем впечаток во тој период беше сериозноста и искреноста со која ги предлагавме и избиравме идните членови. Во ниеден момент не се размислуваше, ниту разговараше за социјалниот или економски статус на идниот кандидат, ниту неговата политичка или религиозна ориентација. Единствена водилка беше добар човек на добар глас.

Уште од првите состаноци на групата слободни луѓе, од кои некого познавав од порано, а некои ми беа потполно непознати, сфатив дека моето место е тука. Никогаш порано, во таква шаренолика и хетерогена по возраст, по професија, по политичка ориентација, по социјален статус, група луѓе не сум почувствувал таков флуид, таква верба, и таква меѓусебна искреност.  Постоеше некаква мистична кохезија која не држеше заедно и не охрабруваше да продолжиме понатаму кон реализација на нашата крајна цел. Нашата крајна цел беше да формираме суверена Голема Ложа на Македонија.

Grand Lodge of Macedonia

Непрекинатиот синџир на позитивен континуитет е една од суштинските вредности на овој древен Ред на Слободни Масони. Согласно Конституцијата на Големата Ложа на Македонија, на секои три години се прави форматирана процедура на избор на Голем Мајстор и Офицери на Големата Ложа. Специфично и несфатливо за профаната јавност, а треба да се каже, е што, во нашата изборна процедура не постои натпревар на “позиција и опозиција”, туку сите Браќа од Ложите кои работат под јурисдикција на Големата Ложа на Македонија, гласаат за личност која ќе ја води и раководи македонската регуларна Масонерија во следниот период.

Така, кон крајот на 2014 година се одржа редовното собрание на Големата Ложа на Македонија, каде што во традиционално величествена церемонија, бев инсталиран како Голем Мајстор.

Морам да споделам, и нема да претерам, а малку се знае дека, во тие два дена, Скопје и Република Македонија беа центар на светското семејство на регуларни и признаени Големи Ложи од сите континенти на планетава. Навистина величествено. Беспрекорниот меѓународен углед и авторитет на Големата Ложа на Македонија, беше потврден со присуството и учеството во нашата работа на највисоки делегации од (30) триесет Суверени Големи Ложи од сите континенти. Голем Самит на светската Масонерија се одржа во Скопје…

Прочитајте го интервјуто на Капитал со Големиот Мајстор на ГЛМ – Јовица Угриновски (клик)

DSC_4131Би можело да Ве интересира:

Краток документарен филм за слободното ѕидарство во Република Македонија

Интернет страницата на Големата Ложа на Македонија

Чиракот, калфата и мајсторот

Масоните во древна Македонија

Обраќање на Големиот Мајстор на ГЛМ (2011)

Интервју со Живко Груевски

Бревијар за древното братство

Коментирај