Дали е ова врвот на технологијата: Новиот iPad Pro се витка како соленка (ВИДЕО)

0
268

Ново видео на популарниот „JerryRigEverything“ демонстрира дека најновиот таблет на Apple – iPad. Pro – се витка лесно и дури се крши како соленка без да е потребно особено голем физички напор.

Таблетот целосно се крши за неколку секунди откако Зак Нелсон го започна својот тест, кој е негов заштитен знак. Надворешната обвивка на iPad Pro пука околу отворот за микрофон на таблетот во неговата лева страна и полето за полнење оддесно.

Вистината е дека ова видео не е единствениот случај со кој се докажува дека структурниот интегритет на iPad Pro е далеку од соодветен. Бројни извештаи во различни форуми објавија за благо виткање на таблетот само по два-три дена користење, или еднократен пренос во ранец.

Некои корисници дури и пријавуваат дека нивните уреди биле фабрички свиткани.

Со оглед на фактот дека iPad Pro е премиум уред, ние силно препорачуваме заштитна обвивка да го придружува насекаде.

Следува малку вознемирувачко видео:

Коментирај