Дали е можно: Македонија ќе игра на голф турнир во Литванија?

0
203

Тимот на македонската голф репрезентација на 31 јули во Вилнус Литванија ќе учествува на голф турнир во организација на Eвропската голф асоцијација (EГА).

Нашиот тим го предводи капитенот Димитар Георгиев кои заедно со Илија Остојчиќ, Игор Стоименов и Наум Јанакиев на овој турнир ќе се обидат да ја темпираат формата пред државното првенство „Мацедониан опен“ што година ќе се одржи од 23 до 25 август во Банско.

Македонската голф федерација се надева дека нашите голфери во Вилнус ќе ја претстават нашата земја на најдобар можен начин и дека овој турнир е одлична можност играчите да ја подигнат формата за претстојното државно првенство во Северна Македонија.

Оваа година 11 нови земји во светот на голфот ќе учествуваат на овој спортски настан.

Македонија е во група со Ерменија, Грција, Кипар, Грузија, Латвија, Азербејџан, Лихтештајн, Латвија, Малта, Романија и домаќинот Литванија.

Коментирај