ДА СВЕТНЕ СОНЦЕ СРЕДЕ МРАК: Семакедонски протест за одбрана на името и идентитетот, денес од 18 часот (ВИДЕО)

0
395

Македонските заедници во светот по повод годишнината од движењето „За заедничка Македонија“, на 27 февруари 2018 година организираат Семакедонски протест во Скопје за одбрана на името на државата и идентитетот на нацијата, против двојазичноста, против антимакедонскиот договор со Бугарија, а за ослободување на уставобранителите од минато

Семакедонскиот протест ќе започне во 18 часот пред Мисијата на Европската унија, оттаму протестниот марш ќе се движи по булевар „Свети Климент Охридски“ и улицата „Димитрие Чуповски“ до Собранието на Република Македонија.

Семакедонскиот протест ќе трае најмногу до 21.00 часот пред Собранието на Република Македонија.

Митрополитот Агатангел ќе ги предводи утрешните протести за одбрана на името, државата и идентитетот

Македонците во светот бараат:

(1) Безусловен крај на разговорите за името Македонија со Владата во Атина и продолжување на членството во Обединетите Нации и во сите меѓународни организации под државното име Македонија;

(2) Повлекување на Законот за употреба на јазиците;

(3) Повлекување на Договорот Заев-Борисов;

(4) Итно ослободување на притворените и осудените за настаните во Собранието на Република Македонија од 27 април 2017 година.

Барањата ќе бидат доставени до Претседателот, Собранието, Владата на Република Македонија, и до сите странски амбасади во Македонија.

Доколку Владата не ги прифати барањата, Македонците во светот бараат самораспуштање на Собранието и одржување вонредни парламентарни избори со обезбедување услови за остварување на избирачкото право во седмата изборна единица, без обврска за упис на избирачкото право на секои парламентарни и претседателски избори.

Македонците во светот отфрлаат референдум, ратификација на меѓународен договор и промена на Уставот со цел промена на името на државата и идентитетот на нацијата!

Семакедонскиот протест го поддржуваат Светскиот Македонски Конгрес, Движењето “СУМ“ Сите за унитарна Македонија, Сојузот на здруженијата на Македонците од Егејскиот дел на Македонија МАКЕДОН, Сојузот на Македонците со исламска религија, Македонски манифест, здруженијата на бранителите и македонските патриотски здруженија.

Светскиот Македонски Конгрес ги повикува Македонците, по потекло и државјанство, на масовно присуство на Семакедонскиот протест на 27 февруари 2018 година!

Коментирај