Да се потсетиме на детството од минатото! Какво детство имаа децата во минатото, а какво имаат сега

0
154

Се сеќавате ли кога бевме деца и шо се правевме?! Еве дел од детството на децата од осумдесетите и деведесетите:

-од WC викавме “Мамо! Готов сум”.

-ѕвоневме на вратата на комшијата и бегавме

-гo истуравме цело tic-tac пакетче во уста и од него пиевме вода.

-мразевме кога на роденден ќе ни подареа облека наместо играчка

-пиевме сок од јаболка или вишна и се преправавме дека пиеме вино.

-гледавме цртани во 7 и 15, а потоа знаевме дека е време за спиење

-најстрашниот човек беше “старо купувам”

-жмуревме кога на ТВ ќе имаше љубовна сцена

-им се кривевме на луѓето кој возеа позади нашиот автомобил

-пушевме грисини -фаќавме снегулки со јазикот

-гњуревме во када

-а јанино јанино, паметите:

-правевме шатори од столици и ќебиња

-си игравме купувач и продавач

-читавме стрипови и се разменувавме со нив

-крадевме цреши, јаболка, круши и цвеќиња

-војувавме со децата од другото маало

-правевме чатали, стрели и пушки на тапи

-се радувавме на сите вујковци и чичковци од Америка, Германија …

-распустот го поминувавме со баба и дедо

-наместо креда кршевме цигли за да цртаме на асвалтот

-крадевме песок и цемент и градевме бункери

-си игравме жмурки, камај, џамија,школка, народна, ема есаса

-со брканица се загревавме

-кога трчавме на дождот без никаква цел

-кога раскажувавме филмови на клупа

-кога ги криевме мачињата, поголемите деца да не ги најдат

-цел ден игравме фудбал во прашината и кога ќе се вратевме дома, не не препознаваа

-се пукавме со црвенки

-се враќавме дома само да ни дадат сендвич и пак се враќавме надвор

-кога роднините ќе ни дадеа пари за на флипери

-кога сите бевме во банди и имавме тајни

Детството на денешното дете се сведува на ТВ, компјутер, плејстејшн, мобилен или на некоја слична технолошка справа.

Или се тоа, доловено преку неколку слики би изгледало вака:

 

Драги родители, поклонете им го вашето детство на вашите дечиња тие го заслужуваат тоа.

Извор: ЗадАголот

Коментирај