Да одиме кај тебе!

0
725

Митот „омажи се богато ќерко“ кај нас во Скопје и во Македонија е многу сериозен проблем.Таткото е „столбот“, мајката е домаќинката.
Толку многу разводи слушам дека се случуваат, како директна последица на патријахалното воспитување.

„Не ми беше од помош, ќе дојдеше од работа, преморен, а јас и деца и куќа и училиштето на детето…“ тука јас продолжувам во себе „епа кој ни е крив со таквo воспитување?”

Митови кои се проблем кај нас во Македонија и како директно се рефлектираат:

1) Мажот е тој што треба да потекнува од стабилна фамилија, економски и емотивно!(За да може да има своја интима машко од 19 години е речиси луксуз да има родители кои ќе одвојат 2 часа да машкото донесе девојка во сопствениот кревет).
Девојки, размислете дали е во ред и размислете каде живееме и со кој стандард очекувате финансиска стабилност + кирија. Многу луѓе паѓаат во оваа замка. Свестете се и бидете еднаква поддршка на таа што ја очекувате!

2) Мажот не смее да готви, тоа е феминизиран маж?!
Мажи кои пеглаат перат и готват се бараат во Македонија, под дрво и под камен!

3) Жената треба да се грижи за „домот“? А мажот да изневерува? Не се сложувам.

4) Сексот е исклучително задоволство само за мажите и мажите не треба да се трудат да ги задоволат жените бидејќи тие „ќе избегаат“.
Делумно е вистина, ѕвезди не му се симнува никому никогаш бидејќи никој не го цени тоа.

5) СЕ БАРА ЖЕНА ПЛУС ШТО ЌЕ БИДЕ ПОДДРШКАТА НА МАЖОТ ДО СОЗДАВАЊЕ НА НОВИОТ ЗАМОК НА СЕМЕЈСТВОТО! Тоа значи заедничка работа и труд во странство и помош и поддршка за сѐ. Тука се сложувам апсолутно.
Несомнено! Тоа е формулата за успешен живот. Особини и карактер! Имајте ги покажете ги и негувајте ги!
Ќе одиме кај снаата да водиме љубов оваа вечер! За промена…

ТЕОДОР ПЕТКОВСКИ

Коментирај