Д-р Шопова: Филипче наместо да го менаџира здравството, брои новозаболени и починати

0
292

Филипче и Заев  го ставија на колена здравствениот систем.Ковид – 19 на површина ги извади сите проблеми во здравството.Несправувањето со последиците од корона вирусот ја направи Македонија црна точка во регионот и пошироко.Неспособноста на Филипче и Заев се виде по сите основи, а со корона кризата го доживеа својот врв. Таа дојде до израз како никогаш досега.Неспособноста доведе до тоа здравството да е нефункционално.Граѓаните ја немаат соодветната услуга, медицинските работници се оставени на цедило, изјави денеска Жаклина Шопова од ВМРО-ДПМНЕ

Филипче наместо министер кој менаџира со системот за да се справи со корона кризата, се претвори во личност која брои и соопштува и  новозаболени и починати од короната.Менаџирање со здравствениот персонал се виде дека за  него е непознат параметар.Токму менаџирањето со овој персонал е клучно за соодветен одговор за решенија на последиците од короната.Тоа изостана и затоа сме тука каде што сме.Наскоро ќе се стави крај на неспособноста. Наскоро следи воспоставување на функционален здравствен систем. Изборот е јасен – обнова и квалитетно здравство, или измами од Филипче и Заев.Граѓаните ќе одберат обнова на Македонија, изјави Шопова од ВМРО-ДПМНЕ.

Коментирај