Д-р Лазаров: Во сред Скопје имаме смрт, нема поголем приоритет од ова

0
341

Д-р Ненад Лазаров – Претседател на Асоцијацијата на специјализанти и млади лекари-АСМЛ, преку својот фејсбук профил ги предупредува граѓаните: Во сред Скопје имаме смрт, нема поголем приоритет од ова!

Актуелен е Охис и линданот. Глеав 360 со Васко, се спомна студијава па ја побарав. Бујрум во прилог.

Ова е шокантно.

На линдан позитививни СИТЕ тестирани девојчиња со прематурен сексуален развој, дури, повисоки концентрации најдени кај оние девојчиња од контролната група!!! А барале ДДТ…
Уште пошокантно е што ова е од 2007 година, а тек сега јавно се зборува.
Луѓе, Скопје е Македонија, во сред град имаме смрт, нема поголем приоритет од ова…

https://www.degruyter.com/…/v10034-00…/v10034-007-0008-3.xml

Линданот е со докажано утеро и тиреотропно дејство, во некои студии забележан и до 40 посто зголемен ризик од заболувања на тироидна жлезда кај жени од земјоделски средини изложени при земјоделство.
Само во Охис се складирани илјадници тони линдан, во континуиран процес кој траел 30тина години. Колку и во какви пропорции изомери на линдан (драстично потоксични) се депонирани, не знае никој!
Да не ве чуди после секоја втора жена што има хипотиреоза, уште интраутерино делува на процес на фунционална матурација на тироидната жлезда, напиша Лазаров на својот фејсбук профил.

Коментирај