Д-р Лазаров: Пушат цигари со ракавици, храна продаваат и наплаќаат со истите ракавици – Слушате ли бе луѓе, катаклизма ќе ни се деси

0
22688

Морав итно до ГТЦ до салон на А1, неодложно, скоро се е отворено, луѓе си шпацираат, СЕГА И ЈАС СУМ ВЕЌЕ ИСПЛАШЕН!

Пред дуќани пушат цигари со ракавици и на нив и маска спуштена под брада, храна продаваат и наплаќаат со истите ракавици!

Слушате ли бе луѓе нешто вие, гледате ли тв, катаклизма ќе ни се деси, очигледно џабе трубиме! Каква е оваа вонредна состојба???

Фејсбук објава на претседателот на Асоцијацијата на специјализанти и млади лекари (АСМЛ), д-р Ненад Лазаров, револтиран од несериозниот однос на граѓаните и непочитување на препораките за заштита од коронавирусот.

„Не ни ги трошете маските и ракавиците залудно, по ординации немаме СКОРО НИКАКВА заштита ради неписмен народ кој апсолутно погрешно ги користи, а купува и последна количина!

Големи компании, наместо на вработените, донирајте заштитен материјал на ординации, вашите вработени е сосема доволно ако им наложите да мијат раце по секој контакт со муштерија! Ем нема да создавате дефицит, ем ќе помогнете директно!“, објави д-р Лазаров во друга своја објава на Фејсбук поврзана со недостатокот и несовесното користење на маските и ракавиците за заштита од коронавирусот.

Д-р Лазаров: Ракавиците се за еднократна употреба, не да пазарите и шетате со нив цел ден – Ќе ги разболите за брзо сите лекари, а потоа Исус, Алах, Буда итн. нека ви се на помош!

Коментирај