Д-р Ѓуроска: Од разбеснатото куче, кое бркаше и касаше деца, на ургентен се јавиле 22-ца повредени – надлежните да реагираат

0
7841

Д-р Билјана Ѓуроска на својот Фејсбук објави дека од разбеснатото куче кое бркаше и касаше деца во Ново Лисиче синоќа до полноќ на ургентен се јавиле 22 повредени лица.

Д-р Ѓуроска бара надлежните да реагираат и агресивното кучето да се фати и што е можно побрзо да се прегледа од ветеринар.

Нејзината Фејсбук објава ја пренесуваме интегрално:

„Драги пријатели благоарам за грижата. Објава на facebook ставив бидејќи сметам дека е од јавен имтерес. До сега има 22-ца повредени во Ново Лисиче од истото куче кои се јавиле во ургентен. Објавата за жал некои подоцна ја прочитале и беа повредени и откако ја постирав. Кучето треба да се фати што е можно побрзо и истото да се прегледа од ветеринар. Дали е ротфајлер или американски пидбул териер незнам. Беше црно, големо и младо. Беше без причински агресивно. Ги молам надлежните да реагираат во слениве 24 часа”, напиша д-р Ѓуроска.

Претходно, за истото ова бесно и опасно куче реагираше и Тодор Петров кој бил очевидец на 35-минутна брканица во парк во Ново Лисиче каде целата група деца била искасана од здивеното куче од кое никој не можел да се одбрани. И тој од надлежните побара да преземат мерки и да го исчистат градот од глутниците кучиња кои се опасност по сечиј живот.

Крвава драма во Ново Лисиче – Тодор Петров раскажува како ротфајлер напаѓал и касал деца

Коментирај