Д-р Ана Глигиќ: Дури и сите да се бакнувавме едни со други, немаше да биде вака

0
315

Ана Глигиќ, познат српски виролог, која во средината на минатиот век го изолирала најсмртоносниот марбург вирус, вели дека најновите истражувања покажуваат дека периодот на инкубација на корона вирусот најчесто е 25 дена.

Ако погледате, во Кина имавме четири инкубаторски периоди од по 25 дена – започна во декември и дури по 100 дена не е заразен ниеден нов случај. Ако 25 дена е период на инкубација, а инкубацијата ја крие заразата во почетокот, тоа е трагедија, бидејќи болеста почнува со кивавица, а во суштина ние половина од тој период сееме вирус, а да не сме ни свесни за тоа, вели др Глигиќ и додава дека овој вирус се шири со контакт и во воздух, што е најбрз и најлесен начин на ширење на вирус.

Може и во надворешната средина да остане три часа. Ако се накашламе, тоа место каде што сме биле ќе биде заразено три часа, а не се знае дали некој ќе седне на тоа место ако е во трамвај, автобус… Многу е важно да се знае, ако вирусот падне на метална квака, може да остане дури и три дена. Затоа е неопходна дисциплина и поради тоа се воведува мерка самоизолација и казни, со што би се избегнало понатаможно ширење – објаснува докторката.

Најважно беше да се дознае начинот на пренесување, затоа што од почетокот се говореше дека е преку капки. За мене беше чудно што има 1000 случаи дневно и си велам – сите да се бакнуваме и да се плукаме едно со други, не би било вака, вели д-р Ана Глигиќ, која пред 50-тина години ја запрела „вариола вера“.

Според неа, требало да се запознае епидемиолошката ситуација, а потоа да се тргне со испитување на вирусот. Додава и дека вирусот се пренесува преку воздух.

Вирусот не остана ист. Му се случиле промени. Со преминување на човек, дошол до неприродна подлога. Почнал да слабее. Така се прават и живи вакцини, објаснува таа. Мора уште да се внимава, но вирусот влезе во слепа улица и епидемијата мора да заврши, рекла таа.

На прашањето што ќе ни е вакцина ако вирусот мора да исчезне, таа навела дека вирусот прави огромни штети.

Коментирај