Чичко Диме ја одигра последната претстава: Колегите го изненадија, а публиката му заблагодари за сè што направи во театарот

0
338

Драмски театар го изненади актерот Диме Илиев (67) во четвртокот, на 24 октомври по претставата „Фестен“ прославувајќи го неговото заминување во пензија. Таа вечер доајнот на Драмски последен пат играше како редовно вработен актер во театарот. Неговиот ангажман не престанува, актерите играат до последен здив, пензијата за нив е само формалност.

По завршување на „Фестен“, актерите редум се поклонуваа на сцената, а откако главниот лик се поклони, актерите наместо да заминат, останаа на сцената, аплаудирајќи му на Илиев и оддавајќи му почит за се она што го направи за театарот, филмот, телевизијата. Во десетминутниот аплауз се придуржи и публиката. Директорката на Драмски, Катерина Коцевска, му го врачи решението за пензија на Илиев, а меѓу присутните беше и долгогодишниот директор на Драмски, театарологот Ристе Стефановски.

Пред присутните се обрати и Филип, синот на Диме и сподели неколку анегдоти поврзани со животот и кариерата на неговиот татко, како и режисерот Коле Ангеловски. Забавата се заврши со звуците на песната „Каде песно моја“ на Славе Димитров, која беше една од носечките композиции во култниот филм „Исправи се Делфина“ каде Илиев играше една од главните улоги.

Ispravi-se-Delfina

Ди­ме Или­ев иа­ко е во сед­ма­та де­це­ни­ја од жи­во­тот, гор­до ги но­си го­ди­ни­те на сво­и­те пле­ќи и рабо­ти не­у­мор­но и по­крај тоа што има че­ти­ри де­це­нии стаж. Со сво­јот ан­гаж­ман во те­а­та­рот, на фил­мот, во те­ле­ви­зи­ски­те се­рии, ка­ко да им пр­ко­си на го­ди­ни­те и са­ка да сра­бо­ти кол­ку што е мож­но по­ве­ќе. Отсе­ко­гаш мно­гу скро­мен, мо­же­би и прем­но­гу, но дла­бо­ко и искре­но вљу­бен во сво­ја­та про­фе­си­ја, Или­ев или чи­чо Ди­мо, ка­ко што го ви­ка­ат во Драм­ски, уште са­ка да им по­мог не со со­вет на пом­ла­ди­те ко­ле­ги, тие што са­ка­ат да ги слуш­нат не­го­ви­те со­ве­ти.

Има­ло мо­мен­ти ко­га ми би­ло мно­гу те­шко. Тоа би­ле мо­мен­ти на не­кои па­до­ви. Ед­но­став­но, има пер­и­од ко­га ед­на го­ди­на не­ма да се ви­диш во ни­ту ед­на по­дел­ба. Тоа за­ви­си од мно­гу ра­бо­ти. Од тек­стот, од ре­жи­се­ри­те што до­а­ѓа­ат, не­кој ре­жи­сер не те поз­на­ва, по­дел­ба­та на уло­ги­те се пра­ве­ла тај­но… Сум имал па­до­ви во мо­ја­та ка­ри­е­ра, но ра­бо­та­та се­ко­гаш ме ис­пол­ну­ва­ше, ме др­же­ше, ми бе­ше ќеф, ра­дост. Ап­ла­у­зот по прет­ста­ва­та на сце­на­та зна­чи мно­гу. Од тоа си­те жи­ве­е­ме. Еден од уба­ви­те мо­мен­ти е ко­га од сце­на, со ко­ле­ги­те ќе вле­зеш во шмин­кер­ни­ца­та и по уба­ва прет­ста­ва ќе ги спо­де­лиш емо­ци­и­те, до­жи­ву­ва­ња­та до­де­ка ја сим­ну­ваш шмин­ка­та, му­ста­ќи­те, пер­и­ки­те. Тоа е ед­но пре­крас­но чув­ство, кој ре­тко кој го има во ра­бо­та­та. За­до­во­лен сум од тоа што го ра­бо­там. Све­сен сум де­ка сум во го­ди­ни ко­га е „за­ле­зот на сон­це­то“, го­ди­ни­те се тие. Имав мно­гу убав по­че­ток на ка­ри­е­ра­та, со фил­мот „Ис­пра­ви се Дел­фи­на“, но и во те­а­та­рот, ка­де што во пр­ва­та го­ди­на до­бив на­гра­да за нај­до­бар млад актер. Ка­ко што поч­нав, сѐ оди на­та­му де­ка и та­ка ќе ја за­вр­шам про­фе­си­о­нал­на­та ка­ри­е­ра, изјави во едно интервју за „Република“.

Dime-Iliev-Dramski-1

Во текот на кариерата, Илиев одиграл над 100 улоги, и тоа не само на репертоарот на Драмскиот театар, туку на сцените на другите театри во Македонија. Исто така, Илиев настапувал и во телевизиски и радио драми, во играни филмови, а имал и неколку режисерски ангажмани. Публиката го памти во преставите „Солунски патрдии“, „Црнила“, „Рибарски караници“, „Трамвајот наречен желба“, „Карамазови“; „Викенд на мртовци“, „Собирен центар“, „Медеја“; „Бура“, „Дон Жуан“, „Демонот од Дебар Маало“, „Ждрело“, потоа во тв-сериите „Наши години“, „Сослушувањето на железничарот“, „Сенки“, како и во филмовите: „Двојка“; „Исправи се Делфина“, „Викенд на мртовци“, „Големата вода“; „Сенки“.

Илиев е добитник на наградата за најдобар млад актер во 1976 година за претставата „Црнила“, потоа наградата „Ристо Шишков“ во 1995 година за претставата „Од првиот здив“, награда за главна улога во 1976 година за тв-драмата „Сослушувањето на железничарот“ на тв-фестивал во Порторож, Словенија, како и најпопуларно тв-лице во 1979 година за серијата „Наши години“.

Dime-Iliev-Dramski

Извор: Република.мк

Коментирај