Чувајте ги вашите очи отворени за оној кој молчи- јапонски мудрости

0
1409
  1. Книгата е како градина, која ја носиш во џеб.
  2. Цветовите повторно ќе расцутат, но човек не може да ја проживее младоста повторно. Не си го трошете времето залудно!
  3. Кога си богат, не заборавај за сиромаштијата. Но кога си сиромашен, не мисли за богатството.
  4. Кој купува она што не треба, еден ден продава она што му треба.
  5. Сите нешта се тешки пред да станат лесни.
  6. Понекогаш најголемото предавство личи на преданост.
  7. Подобро е да бидеш непријател на добар човек, отколку пријател на лош човек.
  8. Децата на ѕвездите ретко стануваат познати.
  9. Неуспехот е мајка на успехот.
  10. Доброто направено тајно, се наградува на јаве.
  11. Без обични луѓе, нема и големи луѓе.
  12. Да откриеш совршен човек е тешко исто колку да најдеш 100% чисто злато.
  13. Богатство и слава, добиени по нечесен пат исчезнуваат како облак.
  14. Големата среќа предизвикува многу ситни непријатности.
  15. Кога е прекумерно и лекот е отров.
  16. Подобро да изминеш 10 000 чекори, отколку да прочиташ 10 000 книги.
  17. Воспитувањето е поважно од потеклото.
  18. Полесно е да откриеш десет илјади војници, отколку еден генерал.
  19. Ако немаш илузии немаш и разочарувања.
  20. Не презирај го непријателот, дури и да ти се чини слаб, не се плаши од непријателот, дури и да ти се чини силен.
  21. Под морскиот светилник секогаш е темно.
  22. Чувајте ги вашите очи отворени за оној кој молчи.
  23. Направи сè што е во твојата моќ, другото остави го на судбината.
  24. Совршена вазна никогаш не може да излезе од рацете на лош мајстор.
  25. И со најопасната змија можат да се справат илјада мравки.
  26. Тешко е да се каже што има во душата на постојано насмеаниот човек.
  27. Ладен чај и ладен ориз се поднесуваат, но студен поглед и ладен збор никогаш.
  28. Најдобрите пливачи најчесто се дават.
  29. Добриот трговец не ја продава целата стока одеднаш.
  30. Дури и мачката, ако ја храниш три години, не ти го заборава доброто.
  31. Времето е пари, но тешко дека ќе ги искористиш парите, за да го вратиш времето.
  32. Шајката што стрчи над останатите добива удар со чекан.
  33. Зад вишокот на скромност се крие гордост.
  34. Понекогаш да се повлечеш значи да победиш.
  35. Вистинското трпение е она што не е под притисок.
  36. Мајмун и со круна на главата ќе биде мајмун.
  37. Подобро е да патуваш со надеж, отколку да си пристигнал, а да се разочараш.
  38. Боговите се смеат, само кога луѓето ги молат за пари.
  39. Да почнеш е лесно – да продолжиш е тешко.
  40. Кога карактерот на некој не ти е јасен, погледни ги неговите пријатели.
  41. Не се радувај ако шефот те покани на ручек. Не е за убаво.
  42. Ако сака, жената и низ карпа ќе помине.
  43. Ако се криеш гледај да е под големо дрво.
  44. Што сакаш да кажеш денес, кажи го утре.
  45. Патувањето од 1.000 километри започнува со еден чекор.
  46. Една насмевка може да избрише милион грижи.
  47. Наместо да ја проколнуваш темнината, запали свеќа.
  48. Чистата свест не се плаши од тропањето на вратата среде ноќ.
  49. Ако сакаш да си среќен за еден час, преспиј. Ако сакаш да си среќен цел живот, помогни на некого.
  50. Секоја насмевка додава десет години кон твојот живот.

Коментирај