Чулев за полицајците кои им се закануваат на граѓаните: Едниот е веднаш cycпендиран, а пpoтив другиот ќе биде покрената соодветна диcциплинска постапка

0
1642

Социјалните мрежи беа преплавени со фотографии од објавата на двајца полициски службеници кои на непристоен начин им се заканија на граѓаните дека мора да го почитуваат полицискиот час.

Министерот за внатрешни работи, Наќе Чулев во гостувањето во Топ Тема посочи дека против двајцата полициски службеници се превземени потребните мерки бидејќи според него нивното однесување било крајно неодговорно и несовесно.

Тој истакна дека едниот полициски службеник веќе е суспендиран додека против другиот ќе биде покрената соодветна дисциплинска постапка.

-Се работи за крајно неодговорно и несовесно однесување на двајца полициски службеници, ние веднаш како министерство за внатрешни работи, јас лично дадов задача на одделот за внатрешна контрола, криминални стандарди и криминалистички истраги и тие констатираа дека се работи за двајца полициски службеници од полициската станица во Ѓорче Петров. При што против нив се превземени веднаш мерки, едното лице е веднаш суспендирано, а против другото лице ќе биде превземена соодветна дисциплинска постапка. За она лице, бидејќи станува збор за две лица на социјалните мрежи кое што на неговиот Фејсбук профил објави слика ќе биде суспендирано додека за другото лице ќе биде покрената соодветна дисциплниска постапка, вели Чулев.

Извор: Курир.мк

„Седете дома клошари”, „После 9 пендрaк”: Полицајци се закануваат со тепање ако не го почитувате полицискиот час! (ФОТО)

Коментирај