Чудо од дете: Има 9 години и во декември ќе дипломира на електро – потоа се префрла на медицина

0
1259

9-годишниот Лорен Симонс од Белгија е чудо од дете и гениј кое на своја возраст, овој декември, ќе дипломира на колеџот за електротехничка насока на Универзитетот во Ајндховен. После дипломирањето, како што самиот вели, ќе ја проучува медицината.

Идол на малиот гениј Лорен Симонс, кој веќе е прогласен за чудо од дете, му е светски познатиот научник и иноватор Никола Тесла.

Малиот Лорен вели дека сака во сопствена лабораторија да создаде вештачки органи, а потоа и цело тело. Тој, опишувајќи го својот престој во Универзитетот во Холандија на кој се школува, истакнува дека учењето подразбира развој на компјутерско коло кое ќе реплицира дел од мозокот.

„Се обидуваме да ги поврземе неутроните за потоа да можеме да ја следиме реакцијата на лекот во одреден дел од мозокот, раскажува Лорен, објаснувајќи го проектот во кој се комбинираат знаењата од биомедицината и електротехниката.

Белгиското чудо од дете кое се школува во Холандија е на добар пат да стане најмладата личност на светот која завршила факултет.

Тоа ќе се случи следниот месец во декември ако Лорен положи се што му е неопходно за дипломата на електротехничкиот отсек на Универзитетот во Ајндховен.

„Планирам потоа да започнам докторски студии и малку да ја проучам медицината. Но, пред тоа малку ќе се одморам“.

Лорен кој е роден во Белгија ,но живее во Холандија, средното училиште го завршил за само една година, а тригодишните студии, ако се оди според планот ќе ги заврши за само девет месеци.

Кога не е на факултетот Лорен вели дека сака да го шета своето куче, да игра видео игри и да објавува фотографии на Инстаграм.

Извор: taratur.mk

Коментирај