Чудната ситуација на Ристовски и Велковски: Стандардни за Македонија, а во клубовите добиваат „трошки“

0
161

Македонските фудбалери Дарко Велковски и Стефан Ристовски се наоѓаат во навистина чудна ситуација.

Имено, Ристовски и Велковски се стандардни репрезентативци на Македонија и не можеме да кажеме дека не играат на нивото на кое е потребно. Тие играат и ја оправдуваат довербата која ја добиваат од Ангеловски, меѓутоа во клубовите скоро и да немаат минутажа.

На оваа тема неодамна пишуваа и хрватските медиуми

„Велковски е една енигма. Пред две години дојде како големо засилување, а игра многу малку. Прво проблем беа повредите, но потоа не успеа да се наметне дури кај три тренери. На последниот натпревар не беше ниту на клупата. Најчудно е што Велковски е стандарден во репрезентација и за година ипол има повеќе настапи за Македонија отколку за Ријека“, пишуваа хрватските медиуми минатиот викенд.

Овој викенд пак Велковски беше во тимот на Ријека, меѓутоа натпреварот против Хајдук го проследи од клупата за резерви.

Ристовски пак кој одигра солидни натпревари со Израел и Австрија изгледаше дека ќе се врати во тимот на Спортинг, но во португалскиот тим за него на последниот натпревар немаше место ниту на клупата.

Кога ќе погледнеме наназад во сезоната Ристовски пред Австрија и Израел одигра два натпревари, на еден беше на клупата, а од кога ги одигра натпреварите за селекцијата не доби повик. Навистина чудно и засега не можеме да кажеме каде е проблемот.

Извор: sportski.mk

Коментирај