Чучкова за Заев: Не сакам лидер жртва!

0
287

Не стивнуваат реакциите по вчерашната прес конференција на премиерот Заев каде тој кажа дека е жртва на двајцата руски комичари. Заев во своето обраќање до јавноста рече дека е во добро друштво, сакајки да го оправда скандалот во кој се најде. Премиерот се обиде целата вина за  издавањето на владини тајни и телефонските броеви на високи светски функционери да ја префрли на двајцата Руси кои лажно му се претставуваат, зборувајки дека не е тајна тоа што им го кажал на нив, бидејки за истите работи тој имал и јавно зборувано, но и со вистинските „актери“ кои во случајот сега се лажни ликови.

Улогата “жртва” меѓу нас психолозите е една доста сложена и интересна позиција.
Многу често жртвата сама ја избира таа улога како научено однесување, (се разбира дека тоа е несвесно) затоа што таму се чувствува сигурна и има лична добивка од тоа.
. Нема да навлегувам во оваа тема, затоа што е многу комплексна, но, од вчерашната тема и лудоста на изјавите на еден премиер, навистина сериозно треба да се замислиме!
Како тоа еден лидер онака мирно изјавува дека бил жртва на обични комичари?!? Тоа е типично однесување на една жртва, затоа што бара сожалување! ” Еве јас колку сум фин и добар и затоа луѓето си играат со мене” .
Друго што ме мачи , колку често и лесно тој може да биде жртва ? Дали тоа значи дека ако е многу фин и искрен може да биде жртва на секого? Како овој премиер го гледаат големите “риби”? Се разбира, како жртва!!!
Лично јас ,не сакам тој што ме “води” да биде жртва. Сакам лидер со свој став, своја личност, сигурен во себе, напиша на Фејсбук професорката Ана Чучкова.

Извор:република.мк

Коментирај