Човекот на Месечината е измама на столетието, еве зошто..

0
1263

Контроверзниот режисер Барт Сибрел верува дека слетувањето на Месечината е измама креирана со цел да се сврти вниманието на јавноста од војната во Виетнам.

Тој веќе 20 години тврди дека слетувањето е лажирано, а сега вели дека има и доказ кој може да го потврди тоа, пренесува dailystar.co.uk
Сибрел вели дека ги има оригиналните снимки на НАСА на кои се гледа како на екипажот на Аполо 11 некоја трета страна, најверојатно ЦИА, им говори што да кажат во комуникацијата со Земјата.

Тој тврди дека астронаутите никогаш не ја напуштиле орбитата на Земјата и не стигнале на Месечината бидејќи е невозможно поради космичките зрачења. Кога ми можело да се отпатува на Месечината, луѓето на големо би ги користеле нејзините ресурси.

Атронаутите делуваат воздржано на интервјуата, како да најголемиот настан за човештвото да не бил доволно голем за нив, па нема што повеќе да се зборува за тоа. Нил Армстронг, првиот човек што чекореше на Месечината, речиси ништо да не прозборе јавно за неговото достигнување.

Сибрел изјави дека дошол до необработена снимка на НАСА, кои никогаш не биле објавени во јавност, а на кои може да се слушне разговорот помеѓу екипажот и третата страна која им сугерира што да кажат. Сибрел е човекот кој го режираше филмот “A Funny Thing Happened od the Way to the Moon” рече:

“Сметам дека тоа не е теорија туку факт. Во првите три години додека го режирав филмот мислев дека тоа не може да е вистина. Но, потоа дојдов до необработената снимка.”

На снимката се слуша глас кој вели “зборувај”, пред Армстронг да се поврзе со контролната станица на НАСА во Хјустон. Тој исто така вели дека идејата дека човекот стапнал на Месечината е “апсурдна” и дека целиот настан е направен за да се сврти вниманието на јавноста од војната во Виетнам. Да било толку лесно да се дојде на Месечината уште во 1969 година, до сега би требало веќе да имаме бази на неа. Но луѓето не сакаат да веруваат дека тоа не се случило.

Сибрел се повикува и на студиите на авио-инженерот Вернер фон Браун кој рекол дека на 430 километри од Земјата се наоѓа Ван Аленовиот појас кој е непробоен поради високото ниво на зрачење и дека ракетата која би летала кон Месечината би требала да биде со величина на Empire State зградата и да биде тешка како крузер. Месечината на секои 48 часови е бомбардирана од метеорски бури кои сигурно би ги убиле астронаутите и би го оштетила леталото.

Луѓето се такви, ќе им ја кажеш вистината со докази, а тие секогаш ќе и веруваат на лагата.

ovcepole.mk

Коментирај