Човекот кој го имитира Хефнер: Познатиот тајкун секоја вечер спие со четири жени

0
66

Првите 40 девојки кои на својот задник го истетовирале името на неговата компанија добиле платени авионски карти за влез на една од неговите диви журки во вила во Австралија, која е негова верзија на славните Playboy вили и журки кои ги организирал покојниот Хју Хефнер.

Кендимен исто така се погрижил за тоа снимките од забавата вредна половина милион долари, да се објават на социјалните мрежи.

Сите голи девојки кои дошле на журката ги одбрал самиот Кендимен, а меѓу атракциите се споменуваат огномет, женски ди-џеи во топлес и пристигнување на домаќинот во глисер.

Кендимен од порано призна дека секоја вечер спие со најмалку четири жени, а на неговата сопруга тоа не и пречи воопшто.

Kendimen-1

Австралискиот тајкун кој своето богатство го стекнал во тутунската индустрија, живее во раскошен дом со својата сопруга Теша Бејнон, со која се оженил во 2011 година, девојката Ниша и своите четири деца.

Го нарекуваат уште и „Австралискиот Дан Билзеријан“, а и сам придонесува за таков прекар, со изјави како оние дека во неговиот кревет често се наоѓаат многу жени.

„Кога имате една девојка, тоа е една работа. Но, кога имате повеќе, толку многу работи ми се вртат во глава. Секоја вечер во просек имам по четири девојки. Често не можам да се наспијам. Мислам дека секоја недела измислувам нова положба. Времето во спалната соба не е време посветено на мене, туку на девојките. Да се биде добар во кревет, значи да не мислите само на себе“, вели Бејнон.

Kendimen-2

„Другите жени се секогаш тука. Некогаш живеат со нас неколку недели и си одат. Погледнете на социјалните мрежи, ќе видите колку девојки се палат на него. Мене тоа не ми пречи, јас сум негова сопруга. Тој има многу девојки, но само една сопруга“, вели Теша.

Коментирај