Човечките органи имаат „различен век“ – еве кој орган кога почнува да старее

0
720

Додека некои од органите во човечкиот организам почнуваат со „стареење“ во младите години од луѓето, други се многу подолговечни и подоцна го доживуваат процесот на истрошеност и стареење, велат тим француски научници кои се фокусирале во истражување од оваа област.

Дали знаете дека нашето биолошко стареење, препознатливо најпрво по кожата, не соодветствува со стареењето на другите органи. Некои органи во овој процес влегуваат многу рано, додека други подоцна, открија француските истражувачи.

Белите дробови почнуваат да стареат со веќе навршени 20 години, што резултира со намалување на капацитетот. До 40. кај поединечни лица веќе се видливи знаци на губење на здивот, кои се јавуваат поради делумното стврднување на мускулите и ребрата.

Мозокот, исто така, почнува да старее со 20 години, па така од првите 100 милијарди неврони до 40. губиме и до 10.000 неврони на ден, што влијае на меморијата, координацијата и целокупното функционирање на мозокот. Најголем проблем претставува пропаѓањето на меѓукелијскијот простор, бидејќи се оневозможува нормален проток на информации на меѓукелијско ниво во мозокот.

Кожата започнува да старее по 25 години, мускулите губат на тон и сила од 30 години.

Градите на жената почнуваат да стареат со наполнети 35 години. Тогаш почнуваат да се намалуваат и губат на полност, а ареолите се шират. Од тој момент се зголемува и ризикот од рак на дојка, кој, навистина, не е во директна врска со физичките промени.

Коските губат квалитет по 35 години, а забите од 40 години.

Очите почнуваат да стареат со навршени 40, исто како и срцето. Бубрезите и простатата почнуваат да стареат од 50. Слухот започнува да пропаѓа од средината на педесетте години, како и цревата. До тој момент, ако се здрави, цревата обезбедуваат добра рамнотежа помеѓу штетните и корисните бактерии. Од 55. нивото на корисни бактерии значително се намалува, што се препознава по слабо варење и поголемиот ризик од цревни заболувања. Сетилото за вкус и мирис почнува да се губи од 60 години.

Гласот започнува да старее од 65 години и се препознава по тоа што станува потивок и порапав. Кај мажите станува потенок и повисок, а кај жените понизок.

Бешиката започнува да старее по 65 години. Така започнува неконтролирано да се опушта и да се затегнува, дури и кога не е полна, бидејќи нејзиниот капацитет станува двојно помал отколку кај младите. Жените на оваа промена се поосетливи, затоа што по менопаузата мочниот канал станува потенок и слаб, па потешко е да се задржи мокрењето.

Црниот дроб е најдолговечен и почнува да старее тек по навршени 70 години.

Извор:taratur

Коментирај