Чинарот во Охрид по обилните дождови во очајна состојба: Го потпираат со бандера да не падне

0
250

Во август 2002 година силен ветер ја урна најкрупната гранка од чинарот заедно со дел од старото стебло. Тоа беше причина да се заштити и конзервира од вакви слични временски неприлики, но се чини дека оттогаш досега не се преземени никакви други дополнителни мерки бидејќи дрвото очигледно дека не е доволно заштитено, пишува„Охридпрес“.

Помали оштетувања се регистрираат секојдневно, а древното дрво, кое според легендата, го засадил лично Свети Климент Охридски уште во првата половина од деветтиот век, денес е буквално потпрено на бандера за да не падне.

Извор:republika.mk

Коментирај