Чешки тајкун ја запроси 40 години помладата девојка на филмскиот фестивал во Кан

0
341

Милош Кант ги надмина сите необични, провокативни и предизвикувачки модни комбинации кои обично доминираат на црвениот тепих за време на филмскиот фестивал во Кан, со своето запросување на 40 години помладата убавица, „риалити“ ѕвездата Маргарида Аранха.

Тој клекна на колена пред фотографите на црвениот тепих во Кан и со венчален прстен ја запроси својата 4 децении помлада избраничка.

25-годишната Маргарида воодушевен го кажа судбоносното „да“ на 65-годишниот тајкун, па потоа тие гордо позираа пред бројните блицови и објективи.

„Реков да! Најдобриот момент во мојот живот! Толку те сакам“, напиша Маргарида на Инстаграм покрај фотографијата од запросувањето.

Овој несекојдневен (иако денес не толку невообичаен) пар се запознал во клубот чиј сопственик е Милош, а Маргарида сега е менаџерка на тој клуб.

Извор: taratur.mm

Коментирај