Чарлс Буковски – пропаднат тип и икона

0
845

Хенри Чарлс Буковски (16 август 1920 – 9 март 1994) е поет и писател од Лос Анџелес а неговото пишување е под географско и атмосферско влијание на неговиот роден град. Напишал повеќе од 50 книги и безброј помали текстови. Неговиот стил има влијание врз современите автори и често е имитиран. Тој има богат опус од илјадници поеми, стотици кратки раскази и шест новели.
Чарлс Буковски – поет, циник, пропаднат тип и икона – едвај да има човек кој доживува рамнодушност кон легендарниот американски писател.
Ве потсетуваме на неговиот особен, циничен, малку застрашувачки, но единствен и некако оптимистички свет со помош на неговите сопствени зборови:

1. Мојата пијана од пиво душа е потажна од сите мртви новогодишни елки во светот.

2. Речиси секој се раѓа гениј, а умира идиот.

3. Сметам дека цинизмот е манифестација на слабост. Цинизмот е начин да се каже дека сè е збркано. Сè е погрешно! Цинизмот е слабост, бидејќи не му дозволува на човекот да се адаптира кон она што се случува во моментов. Да, цинизмот кај сите положби е слабост. Исто како и оптимизмот.

4. Еве кога сфаќаш дека си остарел – кога седиш и се прашуваш каде замина сè.

5. Разликата помеѓу животот и уметноста е дека уметноста е повеќе поднослива.

6. Разликата помеѓу демократијата и диктатурата е дека кај демократијата гласаш прво и потоа добиваш заповеди, додека кај диктатурата не го губиш времето со гласање.

7. Љубовта е пат со смисла; сексот е смисла сам по себе.

8. На жените никогаш не им треба благоразумност, единственото нешто што сакаат е да се одмаздат емоционално на некого, за кого се грижат премногу.

9. Убавите мисли и убавите жени никогаш не се задржуваат.

10. Можеш да затвориш тигар во кафез, но никогаш нема да бидеш сигурен дали е скротен. Кај луѓето е полесно.

11. Газот е лицето на душата во сексот.

12. Најлошото нешто за еден писател е да познава некој друг писател, а кога познава голем број на други писатели, станува ужасно. Исто како многу муви да слетале на едно исто гомно.

13. Почетокот на една врска секогаш е најлесен. Потоа почнуваат откритијата – и никогаш не завршуваат.

14. Токму тоа е проблемот со пиењето. Ако се случи нешто лошо, пиеш за да заборавиш; ако се случи нешто убаво, пиеш за да го прославиш; а ако ништо не се случува, пиеш за да се случи нешто.

15. Љубовта се издржува, но само ако можеш да се справиш со психичкиот напон. Кога си заљубен, сеедно се обидуваш да носиш на грб голема кофа со лајна, додека ја преминуваш полноводната река од мочка.

16. Со луѓето е така. Колку повеќе ги познаваш, толку повеќе се гледа колку се ненормални. Понекогаш тоа е забавно – барем на почетокот.

17. Храброст е прашање на стил во една безизлезна ситуација, каква што е животот.

18. Добриот писател знае кога да не пишува.

19. Луѓето без морал често се сметаа за слободни, но најчесто само беа лишени од способноста да чувствуваат и да сакаат. Така го прегрнаа слободниот секс. Мртви ебеа други мртви. Во нивната игра немаше ризик или хумор – беа трупови кои ебат други трупови.

20. Сè е бегство: да играш голф, да спиеш, да јадеш, да одиш, да спориш, да бегаш за здравје, да дишеш, да се ебеш …

21. Кога лажеш некој човек за неговиот талент само затоа што седи покрај тебе, тоа е најнеоправдана лага од сите, бидејќи така го охрабруваш да продолжи и на крајот да пропадне целиот свој живот само затоа што нема талент. И сепак повеќето луѓе постапуваат токму така – претежно пријателите и роднините.

22. Ако еден човек не може да напише љубовен расказ, од него нема полза.

23. А сепак, од време на време човек има потреба од жена – дури само за да си докаже дека е способен да си најде.

24. Лудите и пијаниците се последните светци на оваа ера.

Коментирај