ЧАО ПСЖ: Наташа Андонова потпиша за Барселона!

0
968

Најдобрата македонска фудбалерка Наташа Андонова која досега настапуваше за ПСЖ, е нов играч на Барселона.

Андонова не ја доби очекуваната минутажа во парискиот клуб и по пола година помината во Франција, одлучи кариерата да ја продолжи во шпанскиот гигант Барселона.

– Пресреќна сум што потпишав за Барселона. Ова е чекор напред во мојата кариера, изјави Андонова при потписот на договорот со каталонскиот тим.

Андонова кариерата ја започна во Тиквеш од Кавадарци, а настапуваше и за Розенгард (Шведска) и Турбине (Германија).

Коментирај