Чај од липа за здравје!

0
1208

Ова дрво е кај нас познато на секого. Може да живее повеќе од еден век, а во висина
достигнува до 30 метри. Нашите предели се исклучително поволни за раст и развој на липата, па затоа денес решивме да ви ги опишеме поволностите што ви ги нуди ова неверојатно дрво кое нуди природен спокој за секого.

Цветот на липата има неверојатна моќ и наоѓа голема примена во лечењето по природен пат и во ублажувањето на некои тегоби, како што се стресот и нервозата. На нервозните луѓе кои се склони кон стресот и луѓе кои тешко заспиваат, чај од липа се препорачува како секојдневна напивка. Тој припаѓа на билните чаеви за кои нема ограничување во консумирањето и можат да го пијат и децата. Чајот од липа е благ релаксант, посебно ефикасен против нервната напнатост.

Освен ова, еве за што уште е корисен чајот од липа:

– Го намалува крвниот притисок;
– Ја чисти крвта и бубрезите;
– Ги намалува болките при мокрење;
– Помага кај лицата кои имаат камења во бубрезите;
– Го спречува опаѓањето на косата;
– Спречува воспаление на белите дробови;
– Помага при настинки, грип и воспаление на дишните патишта.

Липата треба да се бере веднаш штом ќе почне да цвета, бидејќи прецветаната липа нема никаква вредност.  Треба да се бере по убаво и суво време. Цветот од липа содржи танини, етерично масло, хетерозиди, шеќер, восок, манито, тартарат и друго. Собраните цветови се сушат во лад на место каде што има провев, по можност на таван. Важно е да при процесот на сушење цветовите го задржат природниот мирис и боја.

Коментирај