Бугарски историчар: Не треба да ѝ ја наметнуваме историската вистина на Македонија

0
390

Даниел Вачков, член на бугарскиот дел од заедничката комисија со Македонија за историски и образовни прашања, не се согласува дека таа не си ја врши работата и бара на другата страна да не ѝ се наметнува историската вистина.

Screenshot_3-5

„Секој што ја познава ситуацијата во Македонија би требало да земе предвид каков сериозен пробив беше признавањето дека Цар Самуил е владетел на бугарското царство. Разбирам дека јавноста бара брзи резултати, но треба да бидеме реални. Седумдесет години е граден еден модел на историја во Македонија, а сега сакаме за една година да го промениме. Ако сакаш да му ја наметнеш историската вистина некому, тоа е илузорен резултат. Тоа значи дека имаш еден крајно кревок резултат, кој секогаш може да се урне. За мене овој дијалог е исклучително важен, бидејќи тој ја поставува основата за единствено говорење за историјата меѓу двете држави“, изјави Вачков во емисијата „Панорама“ на Бугарска национална телевизија (БНТ).

Коментирај