Бугарската полиција е хит на интернет: Полицајци сами се испрскаа со солзавец на протест во Софија

0
261

Големиот протест во Бугарија, во пресрет на референдумот за промена на системот на власт како и за добивање на нов устав, заврши со конфузна ситуација за чуварите на редот од полицијата во Софија.

Демонстрантите кои за кратко го блокираа Народното собрание, во еден момент се обидоа да го пробијат полицискиот кордон. Од своја страна, полицајците решија да употребат солзавец врз толпата, но по се изгледа, не го предвидоа правецот на ветерот и самите себе си се испрскаа.

Видео од инцидентот се шири на социјалните мрежи и веднаш стана едно од најгледаните видеа на интернет.

Извор:Република

Коментирај