Бугарите ја туркаат тезата „еден народ, две држави“: Ни Гоце е Македонец, ниту народот може да е македонски!

0
2415

Пошироката јавност се уште не ги знае сите детали од хаосот што се случувало на последната средба на историската комисија со Бугарија, пишува порталот Expres.mk.

Извори блиски до членови на бугарскиот преговарачки тим тврдат дека не бил проблем само Гоце Делчев туку и именувањето на македонскиот народ во формулирањето на оваа точка во финалниот документ – извештај што треба да го парафира комисијата. Според бугарските извори, членовите на Комисијата не сакале да стои формулацијата:

Македонскиот и бугарскиот народ се согласија дека Гоце Делчев е значајна личност за Македонија и Бугарија, туку инсистирале да стои Народите на двете држави, без да стои македонскиот народ, пишува Expres.mk

На ваквата провокација реагирале членови на македонскиот тим кои ова го доживеале како навреда. Во повеќе наврати високи бугарски државни претставници директно и индиректно порачуваа дека историски се работи за еден народ кој е поделен во две држави што индиректно како теза се протнува и во работата на комисијата од самиот почеток.

Коментирај